Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меџити: Средбите на високо ниво во САД се потврда дека сме на вистинскиот пат

За поздравување се средбите на државната делегација со високи членови на американската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За поздравување се средбите на државната делегација со високи членови на американската администрација и тоа покажува дека сме на вистинскиот пат – рече Изет Меџити, еден од лидерите на коалицискиот партнер „Вреди“ за средбите што делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски ги имаше во САД со раководството на американскиот Стејт департмент и други американски претставници.

– Во однос на посетата на владината делегација предводена од премиерот Мицкоски, да имаме предвид дека САД се стратешки партнер на Македонија, не поддржуваа низ сите процеси од независноста до сега, во сите димензии. Присуството на високи членови на американската влада при вакви посети се порака дека сме на прав пат и дека се продлабочува соработката на нашата држава со Соединетите Американски Држави. Ова е за поздравување и мислам дека и понатаму ќе остане во врвните приоритети на нашата Влада. Воедно, единствена алтернатива за државата е членството во Европската Унија. Има индикации и нови моменти на тој план и мислам дека како Влада ќе се искористи секој момент за да се направи чекор повеќе во поглед на интеграциите – изјави Меџити.

Тој во Њујорк присуствуваше на собирот на организацијата ААРЦ, во која учествуваат видни Албанци иселеници во САД. На традиционалниот собир на организацијата, во која членуваат и македонски Албанци, присуствуваа и премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а присутен беше и албанскиот премиер Еди Рама.

Реклама

– Ова е за поздравување. Имајќи предвид дека Албанците се втора заедница во државата, тие се значаен фактор за државата и располагаат со голем потенцијал за инвестиции, за политичко влијание во Конгресот, Сенатот, американската влада, за поздравување е присуството на премиерот и на министерот за надворешни работи, кои беа поздравени и од премиерот Рама и од другите присутни. Иако не се Албанци, ни направија голема чест со своето присуство тука, а тоа секако ќе се возврати на собирите на македонската дијаспора – додаде Меџити.