Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Свет

САД: Балканот под закана од руско влијание

Американските разузнавачки агенции во својот последен годишен извештај предупредуваат дека Западен Балкан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американските разузнавачки агенции во својот последен годишен извештај предупредуваат дека Западен Балкан останува област на зголемени политички тензии и надворешни влијанија, со особено истакната улога на Русија во дестабилизација на регионот.

Во извештајот „Годишна проценка на заканите 2026“, објавен од Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка заедница на Соединетите Американски Држави, се наведува дека војната во Украина ги продлабочила поделбите меѓу Западот и Москва, што се одразува и на Балканот.

Русија, како што се наведува, „поттикнува нестабилност меѓу Србија, која ја фаворизира, и Косово“, но исто така „го поддржува одвојувањето на ентитетот Република Српска од Босна и Херцеговина“.

Реклама

Американските служби проценуваат дека етничките и политичките поделби во регионот сè уште се изразени и дека претставуваат потенцијален безбедносен ризик, особено во комбинација со влијанието на странските актери.