Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Анеке Брасинга е годинешниот добитник на Златниот венец на СВП

Анеке Брасинга е годинешниот добитник на Златниот венец  на Струшките вечери на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Анеке Брасинга е годинешниот добитник на Златниот венец  на Струшките вечери на поезијата. Наградата ја соопшти од  директорот  на СВП Никола Кукунеш кој истакна дека  поезијата на  Анеке Брасинга се одликува со исклучителна јазична инвентивност и богата  метафоричност и силна имагинативна енергија.

-Поетското творештво на Анеке Брасинга преставува редок и  комплексен пример на современа европска поетика во која јазикот не е средство туку елемент на постоење. Медиум во кој поетот дише плива и се преобразува. Брасинга ја третира поезијата како лабараторија на зборот во  која се изразуваат негоците звучни и семантички , етиолошки и асоцијативни слоеви – истакна Мите Стефоски уметнички директор на СВП.

Поезијата на Брасинга е длабоко вкоренета во телесното, во природата и во непосредното доживување на светот. Сетилата се изострени  до крајност. Светлината моќе да се слуша, звукот да се допре, а најсуптилните  природни појави се преобразуваат во интензивни поетски визии. Природата во нејзините песни не е декор туку жива и понекогаш заканувачка сила која ја открива и величественоста и кревкоста на постоењето. Во тие моменти  нејзината поезија добива и мистична диемнзија- истакна Мите Стефоски уметнички диектор на СВП

Реклама

-Денес името на Анеке Брасинга го збогатува тој престижен пиедестал, не како додаток туку логично продолжение на таа низа. Струшките вечери на поезијата во Македонија со Златниот венец денес изразуваат благодарност до авторката која целиот свој живот го прави токму она што го сметаме  за наша врховна мисија. Ги чува зборовоите пред фда исчезнат, ги преведува пред да замолчат и созадава нови пред светот да заборави дека има насушна потреба од нив- истакна министерот за култура Зоран Љутков.

Поезијата на холандската поетеса е  преведена на германски, француски, англиски, руски, унгарски и шпански јазик.

Централни теми во нејзиното творештво се љубовта, смртта, минливоста, желбата за спојување со светот и неможноста тоа спојување целосно да се оствари

Наградата на Добитничката Анеке Брасинга ќе и биде врачена на годинешното издание на Струшките вечери на поезија што се одржува традиционално секоја година во последната недела од август.