Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

По тридневен пожар, огнената стихија на депонијата „Алинци“ крај Прилеп е ставена под контрола

Пожарот на Градската депонија „Алинци“, по тридневна борба со огнената стихија, ставен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот на Градската депонија „Алинци“, по тридневна борба со огнената стихија, ставен е под контрола. Со заедничка координирана акција на ТППЕ, на Општината, на комуналните претпријатија, на општествено-одговорни компании, но и на надлежните државни служби, во текот на денешниот ден се очекува, горењето и целосно да биде санирано. Првичните сомневања се дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, заради што информирано е и МВР, кое веќе ги презема и соодветните мерки за пронаоѓање на сторителот.

  „Веќе трет ден се работи паралелно на полевање со вода, на намалување на огнените јазици, засипување со земја затоа што единствениот начин за да се изгаси пожар на депонија е тој. Ова се случува веќе четврт пат во две години и енавистина сериозен проблем кој треба да се решава. Долгорочното решение е Регионалната депонија во Нова ци која што треба да почне да функционира, а параелно треба да се работи и на деклутивација на оваа депонија“, – вели Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

  Со оглед на фактот што во непосредна близина на Депонијата се наоѓа и новата Фабрика за секундарна селекција за отпад чија доизградба веќе е во завршна фаза, на овој простор треба да бидат поставени и надзорни камери, но и професионална и побројна чуварска служба, бидејќи станува збор за огромен простор.

Реклама

 „Дојдовме до напојувањето со електрична енергија. Се договоривме со ЕВН за да се направи приклучок на посебен корисник. Договоривме динамика на работите. За брзо би се почнало, ги добивме сите дозволи за прокоп за да се постави кабел во должина од 2 км, најблиската трафостаница е таму. Имаме уште дел срредства во резерва на сметката добиени од Министертсвото за животна средина. Од тие 90 милиони денари, дел би се искористиле за дополнително таа Фабрика да се огради и да се постави видео-надзор, со што би се зголемила и безбедноста на отворената депонија и верувам дека уште овие две години граѓаните ќе бидат оптоварени со ваквите прашања“ – појаснува Проданоски.

  Инаку, Општина Прилеп е една од 18-те општините кои се опфатени со идната Регионална депонија во Новаци, пришто истовремено, Прилеп ќе биде и Претоварна станица, со можност преку новата Фабрика за селекција на отпад, таа услуга да им се врши и на другите општини за соодветен надоместок.