Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Минчев–Миљаниќ: Преку зголемена соработка помеѓу Македонија иа Црна Гора до модерна и професионална јавна администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството за јавна администрација на Црна Гора, со посебен акцент на реформите во јавната администрација и развојот на административните капацитети, стои во соопштението од Министерството за јавна администрација.

Соговорниците нагласија дека постои значителен потенцијал за унапредување на партнерството во области кои директно придонесуваат кон модернизација, ефикасност и квалитет на јавните услуги.

Во тој контекст, беше разговарано за можностите за развој на заеднички иницијативи насочени кон поттикнување иновации во јавниот сектор, размена на искуства и добри практики, како и примена на современи алатки и пристапи во управувањето со институциите.

Реклама

Дополнително, беше потенцирана важноста од континуирано стручно усовршување на јавните службеници преку развој на современи програми, обуки и други форми на професионален развој.

Потсетуваме дека минатата година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете министерства, кој претставува цврста рамка за натамошно унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка.

Воедно, беше истакната поканата за учество на министерски состанок посветен на реформата на јавната администрација, кој ќе се одржи на 21 април во Будва, Црна Гора, во рамки на конференцијата за Берлинскиот процес, на која учество ќе земе и министерот Минчев.

Двете страни изразија подготвеност за интензивирање на заедничките активности, со посебен фокус на развој на човечките ресурси и градење модерна, ефикасна и професионална јавна администрација.