Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Свет

Продолжува војната на Блискиот Исток

Иран ја потврди веста за убиството на шефот на државната безбедност,  Али…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иран ја потврди веста за убиството на шефот на државната безбедност,  Али Лариџани и тргна во одмазда. Следуваа серија напади кон Израел и земјите од Блискиот исток. Во Тел Авив повредени се околу 200 лица, а со дронови нападната е американска амбасада во Ирак. Според Иранскиот шеф на дипломатијата Абас Арагчи убиството нема да ја дестабилзира земјата.

„Политичкиот систем на Иран не се потпира на поединци и структурата на Исламската Република е солидна, со политички, економски и социјални институции кои функционираат без оглед на отсуството на поединечни лидери. Присуството или отсуството на едно лице не влијае на оваа структуразведе серија одмаздувачки удари изјави Абас Арагчи министер за надворешни работи на Иран.

Израел продолжи со напади кон Иран и трупите на Хезболах во Либан, а според тамошните извори убиен е уште еден висок функционер – министерот за разузнавање Есмаил Хатиб. Во Бејрут повеќекатна зграда во централниот дел е целосно урната во израелски воздушен атак.

Реклама

Во нападот загинале најмалку 20 лица, а 30 се тешко ранети.

САД ги нападна иранските ракетни позиции во близина на Ормутскиот теснец, а Трамп упати критики кон НАТО.

„И покрај фактот дека им помогнавме толку многу, тие не сакаат да ни помогнат. Мислам дека НАТО прави многу глупава грешка. Знаете, се прашувам дали НАТО некогаш ќе биде таму за нас. Ова беше одличен тест, не ни требаат, но требаше да бидат таму“, изјави Доналд Трамп претседател на САД.

Во меѓувреме Иран уапси повеќе од 500 лица осомничени за шпионажа и соопшти дека е подготвен да се бори сè додека не биде сигурен дека непријателските акции како сегашната нема да се повторат.

Мартин Трајчевски