Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска упати сочувство до семејствата на загинатите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска упати сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани велејќи дека и по една година, сè уште е тешко да се поверува дека се случила ваква трагедија.

– Некои празнини времето никогаш не успева да ги пополни. Некои рани, колку и да минуваат денови, месеци или години, засекогаш остануваат во срцето на еден народ. Денес се навршува една година од најцрниот ден во поновата историја на Македонија. Една година без нашите ангели. И колку и да поминува времето, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија. Не требаше да се случи. Не смееше да се случи. Болката не е само на семејствата. Во сите нас е. 63 неостварени соништа, љубови, иднини. 63 семејства, кои засекогаш останаа завиени во црно – напиша градоначалникот на својата фејсбук-страница.

Тој додаде дека ова е огромна рана, празнина што засекогаш ќе остане во колективната меморија на народот.

Реклама

– И знам дека не постојат зборови доволно силни да ја ублажат болката на оние што во таа кобна ноќ ги изгубија своите најмили. Зашто најтешко е сознанието дека оној за кого си дал сè, кого си го сакал најмногу на светот, повеќе го нема. Кочани не смее да биде само сеќавање на трагедија. Кочани мора да биде предупредување. Потсетник дека како општество мораме да се обединиме, да бидеме посолидарни, поодговорни и похрабри за никогаш повеќе да не дозволиме ваква болка повторно да ја снајде Македонија – се наведува во објавата на „Фејсбук“.

Тој упати искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите додавајќи оти нивната болка ја чувствува и ја споделува како татко, како сопруг и како човек, кој денес тагува заедно со целата држава.

– Деца златни, почивајте во мир. Вашите имиња и вашите насмевки засекогаш ќе живеат во нашите срца. Вечна ви слава – напиша Ѓорѓиевски.