Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Свет

Трамп тврди дека целосно го уништиле иранскиот нафтен центар Карг, вели дека може повторно да го нападнат „чисто од забава“

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за телевизијата „Ен-би-си“, изјави дека, иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за телевизијата „Ен-би-си“, изјави дека, иако иранските власти имаат желба за постигнување договор, тој во моментов не е подготвен на таков чекор, бидејќи понудените услови не се доволно добри.

Трамп не откри конкретни детали за преговорите, но рече дека секој иден договор мора да вклучува обврска од страна на Иран за целосно откажување од нуклеарните амбиции.

Во однос на безбедноста на поморските патишта, претседателот на САД изјави дека неколку држави се обврзале да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец, без да прецизира за кои земји станува збор.

Реклама

Тој се осврна и на нападите врз островот Карг, кој е клучна точка за извоз на иранската нафта, тврдејќи дека објектите таму се целосно уништени, но додаде дека се можни дополнителни напади, како што рече – „само за забава“.

Трамп ги отфрли грижите за евентуален скок на цената на нафтата, наведувајќи дека пазарот е добро снабден и дека моменталните пречки наскоро ќе бидат отстранети.