Реклама
Македонија

Највисоките црковни великодостојници на верските обреди по повод годишнината од трагичниот пожар во Кочани

По повод годишнината од трагичниот пожар во Кочани, в сабота, 14 март,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод годишнината од трагичниот пожар во Кочани, в сабота, 14 март, со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“, ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со верските обреди ќе чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.