Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Економија

Цената на нафтата на светските берзи се стабилизира и падна под психолошката граница од 100 долари по барел

По вчерашното нагло зголемување на цената на нафтата, денес таа забележа значителен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По вчерашното нагло зголемување на цената на нафтата, денес таа забележа значителен пад. До 90 долари за барел е денешната цена,  30 долари помалку од вчера. Ова намалување доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната со Иран ќе заврши многу брзо.

„Наскоро. многу наскоро. војната ќе заврши Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да ги прекине глобалните испораки на нафта изјави Трамп.

Иранската револуционерна гарда пак денеска изјави дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку САД и Израел продолжат да напаѓаат. Дополнителен притисок врз цената на нафтата создава последниот потег на клучните производители во регионот  , Саудиска Арабија, ОАЕ, Кувајт и Ирак кои почнаа значително да го намалуваат производството како последица на блокадата на Ормускиот теснец..

Реклама

Според економскиот аналитичар Алберто Белорин цените на нафтата ќе варираат во зависност од случувањата на Блискиот Исток.

„Цените веројатно ќе реагираат на секоја ескалација или намалување на конфликтот“ – изјави Белорин.

Според економксиот аналитичар   Сурво Сакрар изјавата на Трамп дава сигурност поради што се смируваат пазарите.

„Јасно е дека коментарите на Трамп за крај на  војна ги смирија пазарите. Иако вчера имаше претерана реакција на растот, сметаме дека денес има претерана реакција на падот“, рече Сувро Саркар, раководител на тимот за енергетскиот сектор во DBS Bank.

Од почетокот на нападот на САД и Иран врз Иран,  цените на нафтата на светските пазари значително се зголемија, но по назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер, тие имаа дополнителен скок.

Цената на суровата нафта од типот Брент скокна на речиси 120 долари за барел вчера, што е нејзин најголем еднодневен раст, пред да падне под 99 долари -за барел, колку што изнесуваше ценатата кога започна руската инвазија на Украина.

Мартин Трајчевски