Реклама
Свет

Иран испука балистичка ракета кон Турција, но беше соборена од НАТО

Балистичка ракета испукана од Иран кон турскиот воздушен простор беше пресретната и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Балистичка ракета испукана од Иран кон турскиот воздушен простор беше пресретната и неутрализирана од единиците за воздушна и ракетна одбрана на НАТО во Источниот Медитеран, соопшти турското Министерство за национална одбрана. „Го задржуваме правото да одговориме на секој непријателски чин насочен кон нашата земја“, се вели во соопштението, на турското МНР. Паралелно иранска ракета погоди контејнерски брод во Ормутскиот теснец северно од Оман. Избувнал пожар на бородот, а екипажот го напуштил истиот.

Претходно, Иран по соседните земји од Блискиот исток и Кипар, Иран се закани дека нова цел на нивните балистички ракети може да биде и Албанија. Причина зошто оваа европска земја е легитимна цела за Иранските воени власти, е што таму наводно постои муџахедински камп каде се обучуваат и чуваат луѓето кои се против актуелното раководство во Техеран. Таму, за нов ајатохал е избран влијателниот и радикален син на убиениот Хомени, но само неколку часа по неговиот избор, тој мораше да бега и да се крие затоа што веднаш стана цел на Американските и Изралеските проектили, кои се заканија дека тој ќе ја доживее судбината на неговиот татко.  Во истовреме, Американска подмроница потопи ирански брод со 100 луѓе како екипаж во близина на Шри Ланка, и се претпоставува дека нема преживеани. Во однос на Ормутскиот теснец, од кој зависи протокот на нафта кон западниот свет, а Иран го затвори, Трамп вети дека американската флота ќе ги обезбедува бродовите со нафта кои минуваат низ оваа опасна зона. Во конфликтот, индиректно се вклучува и Франција која го испрати својот единствен носач на авиони во средоземното море како ветување за заштита на Катар, ОАЕ и останатите земји од Блискиот исто.

„Работиме на формирање на нов сојуз со цел да ја мобилизираме потребната воена опрема за да се осигураме дека поморската ситуација е стабилна“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Реклама

Освен Франција, во моментов, Америка полека на своја страна ги добива поголемите европски земји, како германија од која Трамп вчера доби поддршка. Но пробелм му останува шпанија која одби нејзината територија да се користи за било какви активности врзани со Иран.

И сега Шпанија, всушност рече дека не можеме да ги користиме нивните бази. И тоа е во ред. Не можеме да ја користиме нивната база ако сакаме. Можеме само да долетаме и да ја искористиме. Никој нема да ни каже да не ја користиме но, не мораме. Но, тие беа непријателски расположени, рече Трамп.

Како реплика за Трамп, Шпанскиот Премиер Педро Санчез ги повика Америка, Израел и Иран да ја прекинат војната. Шпанија ги поддржува сојузниците, но е против војна.

Затоа мораме да учиме од историјата и не смееме да играме „руски рулет со судбината на милиони луѓе. Непријателствата во оваа војна мора веднаш да престанат и да се вклучи дипломатијата“, ,меѓу другото рече Санчез.

Поради засилените напади врз Иран, одложен е погребот на Ајатолахот Али Хамнеи. Оправданието е наводно големиот интерес на граѓаните и потребата од дополнителни организациски подготовки, а не гранатирањето од Америка и Израел.