Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Цените на нафтата растат

Цената на нафтата на светските пазари од утрово порасна за повеќе од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на нафтата на светските пазари од утрово порасна за повеќе од 8 отсто поради стравувањата на трговците дека нападите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран би можеле да излезат од контрола, што ќе доведе до големи прекини во снабдувањето.

Меѓународниот превоз е речиси запрен на влезот во Ормутскиот теснец – најважната сообраќајна точка во светот за глобалната трговија со нафта, а стравот од нарушувања веќе ги зголемува глобалните цени на нафтата.

Цената на барел на лондонскиот пазар скокна за повеќе од 8,5 отсто, на 79,10 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 8,1 отсто, на 72,40 долари.

Реклама

Сообраќајот на танкери низ Ормутскиот теснец практично е запрен, бидејќи бродските компании преземаат мерки на претпазливост.

Во просек, повеќе од 14 милиони барели дневно минувале низ теснецот во 2025-та година, што е приближно една третина од вкупниот светски извоз на сурова нафта по морски пат. Околу три четвртини од тој извоз одат во Кина, Индија, Јапонија и Јужна Кореја.

Аналитичарите пишуваат и дека пазарот може да се соочи со значително нарушување, што би можело да ја подигне цената на барелот на лондонскиот пазар на над 120 долари.