Стотици проирански демонстранти се обидоа да упаднат во конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, јавија светските агенции.
Толпа млади луѓе се искачиле преку главната капија и стигнале до приодот на зградата на конзулатот, кршејќи неколку прозорци.
Полицијата употребила солзавец кон демонстрантите, кои се разотишле.
