Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Карневалот „Прочка 2026“ во Прилеп, како во старите добри времиња му го врати карневалскиот дух на градот

      Прилепскиот Карневал „Прочка 2026“, после повеќегодишните главно просечни изданија, годинава, конечно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Прилепскиот Карневал „Прочка 2026“, после повеќегодишните главно просечни изданија, годинава, конечно се врати на старите патеки. Возобновените содржини, учеството на карневалски групи од неколку земји, како и збогатената програма, пак го издигнаа на заборавеното меѓународно ниво. Преку 500 групни и поединечни маски, инспирирани од секојдневните збиднувања и изработени во традиционален дух главно од природни материјали, несомнено му го дадоа вистинскиот белег на годинашното јубилејно 25-то издание на Карневалот „Прочка 2026“. Карневалскиот дух, веќе втор ден забрзано пулсира во градот под Марковите Кули.

   Според Програмата, вчерашниот ден беше резервиран за Детскиот карневал, кога пред стручното-жири продефилираа 10-тина групни маски, сите креирани од прилепските ученици и нивните наставници. А додека денеска, во центарот од градот се одржа главното карневалско дефиле, под стручното око на жири-комисијата, но и на претседателот на Карневалската федерација на европските градови – ФЕКК, Ларс Алгел од Шведска.

  „Оваа година го враќаме интернационалниот дух на овој Карневал и се надевам дека до в година, и повесели и побогати со маски, ќе се најдеме овде на дефилето…Се надевам дека овие јубилеи ќе значат само поттик што понатаму да правиме и како да го развиваме овој Карневал“, – изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Реклама

   „Особено е свежа меморијата од 2012- та кога имаше Конвенција и навистина сум среќен што успеавте да направите еден рестарт на Карневалот и навистина имам многу посебни чувства што сум денеска сум пак тука присутен“, – рече Ларс Алгел, претседател на ФЕКК.        

     Годинашното четиридневно издание на Карневалот во Прилеп, се одвива во рамките на два  јубилеи – 25 години од Карневалот и 100 години од постоењето на „Прилепските мечкари“, кои се и заштитетно национално нематеријално културно добро. Карневалот завршува утре со познатото бело посно касапско гравче кое традиционално ќе биде послужено во присадскиот манастирот „Св. Ѓорѓија“, а во организација на „Прилепските мечкари“. Чаршијата и угостителските објекти во овие карневалски денови имаат продолжено работно време, а и пригодни карневалски забави. Годинава, по 10 години пауза, возобновен е Градскиот дувачки оркестар кој со својот насатап го означи и почетокот на Карневалот.