Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Трамп потпиша извршна наредба за глобални царини од 10%

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, откако Врховниот суд вчера ги укина неговите царинските тарифи од април минатата година.

Трамп ја најави мерката, велејќи дека новите тарифи од 10 проценти ќе бидат „дополнителни на нормалните тарифи што САД веќе ги наплаќаат“.

Тој нагласи дека тарифите ќе бидат воведени согласно член 122 од Законот за трговија од 1974 година, кој му дава на претседателот овластување да воведува привремени трговски тарифи за решавање на проблемите со платниот биланс.

Реклама

Трамп го објави потегот откако Врховниот суд на САД претходно ги поништи сеопфатните царински тарифи што тој ги воведе минатиот април.

Пакетот, кој опфаќаше десетици земји, се повикуваше на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби од 1977 година. Врховниот суд на САД пресуди дека иако законот му дозволува на претседателот да ја регулира надворешната трговија за време на национална вонредна состојба, тој не му дозволува да воведува царини.