Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Пелагониските бизнисмени со силна поддршка за новите патни инфраструктурни решенија во регионот

Пелагонискиот регион започнува да излегува од тридецениската зачмаеност условена од катастрофалната патна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пелагонискиот регион започнува да излегува од тридецениската зачмаеност условена од катастрофалната патна инфраструктура. Изградбата на современи автопатишта поволно ќе се одрази врз рентабилноста во работењето на многу компании кои со години наназад се соочуваат со енормно високи дополнителни транспортни трошоци, смета претседателот на Регионалната стопанска комора од Прилеп. Дури, неговите очекувања се дека со новите сообраќајни решенија Пелагонискиот регион повторно ќе го заземе некогашното високо место во креирањето на БДП.

„Конечно, после 30 години барања од страна на бизнис-секторот, ќе се излезе во пресрет да се реализира автопатско поврзување на овој регион со останатите коридори. Тој автопат би имал огромно значење, најпрвин во делот на комуникацијата, безбедноста, а потоа и во полесниот пристап на стоки и услуги кои ги нуди овој регион, а исто така ќе го олесни и пристапот до пристаништата во Солун и Игуменица… Од нашето искуство, кога сме имале групни превози, секогаш кога требало да се достави стока до Прилеп, дополнително сме плаќале“, ни изјави за Алфа, Никола Мариноски, претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп.

Според Мариноски, ваквото современо сообраќајно поврзување значително ќе придонесе не само за развојот на регионалната економија, туку и за намалување на иселувањето, кое со години е рак-рана на овие простори.

Реклама

„Би можел да се ублажи ударот преку вакви работи. Да се отвораат нови работни места, да се прави инфраструктура за младите да имаат можности да остануваат, а и да доаѓаат странски инвеститори за и понатаму да се развива овој регион“, посочува Мариноски.

И вицепремиерот Александар Николоски, при синоќешната посета на Прилеп, потврди дека Пелагонија не само што не е заборавена од државата, туку дека Владата и понатаму ќе продолжи сериозно да инвестира во инфраструктурата во овој регион.

„Во интензивни преговори сме и мислам дека во следните месец до месец и половина ќе видите активности и во Собранието за она што го ветив, а тоа е – од Фариш до Прилеп, исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп би бил од двете страни поврзан со автопат“, вели министерот Александар Николоски.

Инаку, во моментов интензивно се работи на автопатот Прилеп–Битола, кој треба да биде готов до крајот на наредната година. Лани, пак, во јануари во функција беше ставена делницата Градско–Фариш во должина од 16,5 км, а на почетокот од јули беше пуштена во употреба и делницата од Дреново до Фариш во должина од 10,2 км, како дел од експресниот пат Градско–Прилеп.