Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Стармер: Русија до крајот на деценијата би била подготвена да употреби сила против НАТО

Британскиот премиер Кир Стармер на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Русија направила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Британскиот премиер Кир Стармер на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Русија направила стратешка грешка со војната против Украина, во која загинале повеќе од еден милион луѓе.

Тој додаде дека и покрај исцрпувачкиот судир, Русија забрзано се вооружува и ги обновува своите воени капацитети.

Стармер наведе дека Русија до крајот на деценијата би била подготвена да употреби сила против НАТО.

Реклама

– Сепак, Западот не бара судир. Нашата цел е траен мир, враќање на стратешката стабилност и владеењето на правото, посочи Стармер.

Тој додаде дека заканите од Русија не завршуваат на фронтот, туку Москва преку хибридни и кибернетички напади и саботажи низ цела Европа го попречува секојдневниот живот.