Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Недоволен кворум за конститутивна седница на Националното собрание на млади

Конститутивната седница на Националното собрание на млади, закажана за денеска во законодавниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конститутивната седница на Националното собрание на млади, закажана за денеска во законодавниот дом, не се одржа поради недоволен број на присутни организации за постигнување кворум. На седницата присуствуваа претставници од околу 50 младински организации, мрежи и чадор-организации, но, сепак, бројот не беше доволен за конститутивна седница.

Програмскиот менаџер на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Ане Матевска, изјави дека, и покрај претходните активности поврзани со иницијативниот одбор и пријавувањето на организации, денешниот собир нема да има конститутивен карактер.

– Почнавме со иницијативниот одбор којшто беше потребен од две третини, успеавме да ги добиеме тие изјави после долго време. Меѓутоа, официјално се впишани изјави од запишаните организации; имавме и доволен број на пријавени организации, меѓутоа, она што ќе го заклучиме сега е дека денешната седница нема да биде конститутивна седница на Националното собрание на млади, изјави Матевска.

Реклама

Драгана Митровиќ од Советот за младинска работа, посочи дека, иако со последното пребројување немало кворум, охрабрува бројката од над 50 претставници од 50 младински организации, мрежи и чадор организации, и дека процесот ќе продолжи.

– Огромна благодарност за појавување во овој број, иако го немаме кворумот, меѓутоа мене ме охрабрува и тоа дека сме се собрале во оваа бројка која што е над 50 претставници од 50 младински организации за млади и мрежи и чадор организации кои што доаѓаме со надеж да стигнеме до моментот на нашето претставничко тело. Но, со последното пребројување немаме кворум, сепак, наша задача е да продолжиме да го водиме и да дадеме осврт за целиот процес како стигнавме тука и, нормално, овој процес не завршува тука, туку продолжува понатаму, посочи Митровиќ.

Потсети дека процесот е поврзан со Законот за младинско учество и младински политики, донесен во јануари 2020 година, истакнувајќи дека најпрво Законот бил под надлежност на Агенцијата за млади и спорт, а од 2024 година е под надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

– Оваа приказна почнува од 2020 година кога беше донесен Законот за младинско учество и младински политики во јануари 2020-та и тој беше практично прв закон од огромно значење за сите нас овде, закон којшто покажа дека младите не се само целна група туку се гледаме како носители на промени и партнери во креирање на политики. Тој закон не се појави преку ноќ, зад тој закон претходеше работа на голем број младински организации за млади. Со донесувањето на законот, Агенција за млади и спорт ја имаше надлежноста, додека во 2024 година премина во Министерството за социјална политика, демографија и млади, рече Митровиќ.

Според најавениот дневен ред, седницата требаше да се одржи денеска со предвидени точки за усвојување на дневен ред, дискусија и усвојување на деловник за работа и одлучување, избор на претседавач, усвојување на работни тела, одлука за објавување повик за избор на младински претставници во Националното советодавно тело за младински политики, дефинирање динамика за работа и избор на претставници во координативно тело за свикување и организирање на наредната седница.