Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Ѓорѓиевски се сретна со делегација на Националниот демократски институт – акцент на плановите за развој на Скопје како модерен, безбеден и инклузивен град

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска имаше работна средба со делегација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска имаше работна средба со делегација на Националниот демократски институт (НДИ), предводена од вишиот резидентен директор Роберт Скот Хајзлет.

За време на средбата, како што информираат од Град Скопје, делегацијата беше информирана за тековните проекти и активности на Град Скопје, како и за стратешките приоритети и идните планови насочени кон развој на Скопје како модерен, безбеден и инклузивен град, ориентиран кон потребите на граѓаните.

– Посебен акцент беше ставен на досегашната успешна соработка меѓу Град Скопје и НДИ, при што беа разгледани можностите за нејзино понатамошно унапредување преку заедничка реализација на проекти и активности во повеќе области, со цел јакнење на демократските процеси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните – се вели во соопштението од Град Скопје.