Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Потпишан меморандум за одржување на вториот регионален економски саем во Општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ и годинава потпишаа меморандум за соработка, со кој официјално се потврдува организацијата на „Експо Илинден 2026“.

Како што се наведува во соопштението од Општина Илинден, со овој меморандум се продолжува успешната соработка меѓу Општината и Панекс експо, со што втора година по ред ќе се одржи овој регионален економски саем чија цел е понатамошно зајакнување на локалниот економски развој преку поврзување на бизнис заедницата, претприемачите, инвеститорите и другите релевантни чинители. „Експо Илинден 2026“ повторно ќе биде платформа за промоција на домашните компании, размена на идеи, воспоставување нови партнерства и отворање можности за раст и инвестиции.

Градоначалникот на општина Илинден Георгиевски истакна дека континуитетот на ваквите настани е од исклучително значење за локалната економија и дека Општина Илинден и понатаму ќе биде активен партнер во иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој и поквалитетен живот за граѓаните.

Реклама

– Организацијата на саемот по вторпат е показател за позитивните резултати од првото издание, како и за континуираниот економски напредок на општина Илинден. Општината, како покровител на настанот, уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка и унапредување на економскиот и бизнис сектор, посочуваат од Општина Илинден.