Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Почесната награда „Илинден“ на МД „Илинден“-Тирана годинава за работна група за словенски малцинства АГСМ при ФУЕН

По повод 17- годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 17- годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ – Тирана донесе одлука за доделување на истоимената награда и благодарници на поединци и институции. 

Годинава, добитник на почесната наградат „Илинден“ е работна група за словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европски националности (ФУЕН). 

-Благодарници се доделуваат на отец Илија Мазнику, свештеник на Албанската автокефална православна црква, по потекло од областа Голо Брдо, „Курир.мк“, „Република.мк“, Љупчо Златев, уредник на „Лидер.мк“, Марјана Дода, уредник на „Aргументум.ал.“, Илир Шута, новинар, на Телевизија СОТ 7, Поградец,  информираа од друштвото.

Реклама

Признанијата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија.

-И овој пат беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените избрани се оние кои со својот ангажман најмногу  придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија, стои во објавата на друштвото.

Претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, од негово и име на друштвото, им честита на добитниците со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.