Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, една професорка во средно училиште и еден пожарникар заработија кривични…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца полицајци, една професорка во средно училиште и еден пожарникар заработија кривични пријави затоа што за пари им овозможувале на граѓани побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола. Тие ќе се гонат за злоупотреба на службена положба, примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Пријавените во периодот од февруари до април 2024 година, заеднички и по претходен договор, воспоставиле шема на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање лични документи – лична карта, пасош и возачка дозвола. Целта им била да се стекнат со противправна имотна корист.

Трето- и четвртопријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување лични документи. Тие ги добивале нивните лични податоци во форма на фотографии и му ги испраќале на второпријавениот. Тој посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот, кој како службено лице вршел фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски.

Реклама

Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест, со точно утврдена цена, време и начин на извршување, со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој, за паричен надомест, овозможувале побрзо остварување на правото на јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги, соопшти МВР.