Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Акција на полицијата во Струмица и Струмичко, опсада за 5те тони марихуана

И покрај молкот и оскудните информации што институциите ги пласираат околу случајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај молкот и оскудните информации што институциите ги пласираат околу случајот со запленетата марихуана во Србија и поврзаноста на Македонски компании, неофицијално станува јасно дека овојпат работите не се туркаат под тепих.

Напротив се водело тивка операција, во тесен и затворен круг за директен удар врз канабис тајкуните во Македонија.

Неофицијално вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот во Скопје во поранешниот комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од властите од четврток вечерта. Наводно вклучени се повеќе институции полиција, царина, здравствени служби и јавно обвинителство а се насочени кон мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис кои со години ја злоупотребуваат дозволената дејност.

Реклама

За сега нема потврди, нема деманти. И токму тоа говори многу. Очигледно институциите решиле овојпат да не играат по старото сценарио со притисоци, протекување информации и политички калкулации, туку да одат до крај, тивко, системски и без компромиси. Премиерот Мицкоски денес при изјавите за медиуни не сакаше да се впушта во детали за марихуаната запленета во Србија, што говори дека во позадина била опсежна акција на МВР.

Овие структури не се случајна појава, туку производ на години толеранција, заштита и дупки во системот, создадени и одржувани од политичко-бизнис елити од минатата власт предводена од Заев.

Дали овој институционален молк е знак дека конечно се удира во срцето на проблемот, а не по маргините, ќе покаже периодот што следи. Ако тишината значи дека се подготвува финален и тежок удар врз легализираното криминално профитирање тогаш вреди да се почека. Повеќе информации се чекаат во текот на утрешниот ден.