Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Искршени делови од полуподземни контејнери во Струмица

Денеска од струмичкото комунално претпријатие обајвија дека се искршени делови од полуподземни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска од струмичкото комунално претпријатие обајвија дека се искршени делови од полуподземни контејнери, кои во градот беа поставени пред неколку години.

Од „Комуналец“ велат дека полуподземните контејнери се важни, бидејќи го намалуваат непријатниот мирис, зафаќаат помал простор и овозможуваат поефикасно управување со отпадот.

-Урбаната опрема, како што се клупите, корпите за отпад и скриените (подземни) контејнери, е поставена за да го подобри квалитетот на животот во градот. Таа служи за одржување на чиста и безбедна околина и за полесно секојдневно функционирање на граѓаните. Уништувањето на урбаната опрема претставува штета за целата заедница. Освен што предизвикува дополнителни трошоци за поправка и замена, ваквото однесување придонесува за загадување, намалена хигиена и нарушен изглед на јавниот простор, се наведува во информацијата од ЈПКД „Комуналец“.

Реклама

Оттаму додаваат дека заштитата и одговорното користење на урбаната опрема е обврска на секој граѓанин, бидејќи со нејзино зачувување се придонесува за почиста, поубава и пофункционална урбана средина, а уништувањето или неправилното користење на урбаната опрема не е херојство, туку штета што сите ја плаќаат.