Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Потпишан меморандум за соработка меѓу СОУ „Ѓорче Петров“ и Францускиот институт во Скопје

Професионално усовршување и јазична надградба за поголема конкурентност на меѓународниот пазар на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионално усовршување и јазична надградба за поголема конкурентност на меѓународниот пазар на труд е целта на регионалниот проект за заживување на францускиот јазик во кој активно се вклучи и средното општинско училишпте „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.

Средношколците од стручните паралелки од Крива Паланка веќе од утре, 5 февруари, ќе бидат дел од првата работилница предводена од истакнатиот француски експерт, Силви Диспан, а можноста да им го пренесе нејзиното искуство како врвен професионалец, официјално е достапна со потпишаниот меморандум за соработка меѓу СОУ „Ѓорче Петров“ и Францускиот институт во Скопје.

-Оваа соработка официјализирана со меморандумот означува почеток на една исклучително значајна стратешка соработка меѓу СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка и Францускиот институт во Скопје. Со потпишувањето на овој меморандум, нашето училиште станува активен дел од регионалниот проект за заживување на наставата по француски јазик. Преку јазични обуки наменети за учениците и корисни работилници анимирани од француски експерти, овој проект има за цел да ја зајакне улогата на францускиот јазик во стручното образование и да ја поддржи можноста за вработување на младите преку подобро владеење на францускиот јазик, изјави директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, Елена Ѓоргиевска.

Реклама

Потенцира дека од утре првата можност за професионално усовршување и јазична надградба ќе ја имаат учениците од профилот техничар за е-трговија и дигитален маркетинг. 

-Во современиот дигитален свет, познавањето на францускиот јазик во комбинација со вештините за е-трговија им нуди на нашите ученици огромна предност и ги прави конкурентни на меѓународниот пазар на труд. Првата работилница ќе ја менторира истакнатата француска експертка, Силви Диспан. Преку нејзиното искуство, нашите ученици ќе имаат ретка можност директно да учат од врвен професионалец и да ги развиваат своите јазични и стручни компетенции, додаде Ѓорѓиевска.

​Упати благодарност до директорот на Францускиот институт и советник за соработка и култура при Амбасадата на Франција, Грегоар Жислер, за поддршката, истакнувајќи дека СОУ „Ѓорче Петров“ продолжува да биде лидер во воведувањето иновативни и европски стандарди во образованието.