Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Оформен предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство на Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн, кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научноистражувачки цели во САД.

Имајќи ја предвид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, како што информираат од Јавното обвинителство, оформен е предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење елементи на кривично дело што се гони по службена должност.

– Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое треба да преземе дејства на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи во насока на утврдување евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности – информираат од Обвинителството.