Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Владата го зголеми младинскиот додаток за уште 2 илјади денари

Владата продолжува со мерките чија цел е да ги задржи младите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата продолжува со мерките чија цел е да ги задржи младите во земјава. За 2.000 денари месечно е зголемен младинскиот додаток за веќе вработени млади лица во производните дејности на возраст до 23 години. Веќе постоечкиот Закон за младински додаток, донесен пред две години, годинава е надграден со зголемувањето на буџетот за оваа намена во вкупна вредност од 210 милиони денари. Корисниците на оваа поволност сега имаат право на 5.000 денари додаток, наместо досегашните 3.000 денари. Целта е подобрување на нивниот статус на економски, кариерен и финансиски план, со што тие се мотивираат да останат дома, а со тоа да се намали и одливот на мозоци, кој, за жал, со години е во замав, уверуваат од Министерството за економија и труд.

„Позитивна страна е што годинава младинскиот додаток е зголемен од 3.000 на 5.000 денари. Тоа важи за лица до 23 години кои исклучиво би се вработиле во производни капацитети во Македонија… Ги повикувам сите заинтересирани страни и производни капацитети, фирмите кои сакаат да вработат млади, да ги вработат, затоа што покрај платата која ја добиваат, ќе го добијат и овој младински додаток кој е 5.000 денари, значи зголемување за цели 2.000 денари“, – вели Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Досега, овој младински додаток го имаат искористено околу 19.000 млади лица. Очекувањата се дека со новото зголемување на додатокот, тој број ќе оди нагоре. Исплатата на средствата се врши преку Агенцијата за вработување, на трансакциска сметка на младото лице, кое не треба да биде постаро од 23 години, да биде вклучено во производниот процес, да има минимум средно образование и да има социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или при самовработување во претежно производствена дејност.

Реклама

Инаку, Законот за младинскиот додаток беше донесен во март 2023 година со важност до крајот на 2025 година. Истиот сега е продолжен со зголемувањето за околу 30 евра од неговата првична вредност од 50 евра. Надзорот за примената на овој закон го врши Министерството за социјална политика, демографија и млади.