Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Ристески: „Зголемувањето на минималната плата мора да биде во согласност со трипартитниот договор“

Ставот на Владата, а оттука и на Министерството за економија и труд,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ставот на Владата, а оттука и на Министерството за економија и труд, по однос на зголемувањето на минималната плата е јасен. Се остава простор да се договорат работодавачите од приватниот сектор и синдикатите. Сѐ она што ќе го договорат ќе биде прифатено, бидејќи од придонесите што ќе се земаат од зголемената плата во приватниот сектор се покрива комплетно зголемувањето на платата во јавниот сектор, каде што работодавач е Владата. Или, од вкупно 705.000 вработени, на 100.000 во јавниот сектор работодавач е Владата, а дури 600.000 се во приватниот сектор, вели заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, и додава дека потпишување штетни договори за едната или другата страна, Владата како медијатор, нема да дозволи.

„Бидејќи ова е трипартитен договор и сѐ додека не се договорат, важи постојната формула која ја договориле сите три страни во Законот за минимална плата во 2022 година, а тоа е зголемувањето на минималната плата да оди со 50 отсто од индексот на трошоци на живот, земено од Заводот за статистика во претходната година, и 50 отсто од исплатената просечна плата според ДЗС од претходната година, и тоа нивелирање да биде до 31 март, така што висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57 отсто од исплатената просечна плата на ниво на Македонија според статистиката од претходната година… Она што ќе го договорат, ние ќе го испочитуваме, бидејќи секогаш одговара зголемување на платата, меѓутоа секако треба да нагласиме дека тоа е на грбот на приватниот сектор“, потенцира Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд.

Според Ристески, треба да се внимава и на кревкиот пензиски систем, кој во земјава изнесува 1,7 вработени на еден пензионер и е далеку под европскиот просек.

Реклама

„Сето ова треба внимателно да се разгледува, на добри економски параметри, градење добри политики, носење системски решенија кои ќе дадат предвидливост и стабилност во зголемувањето на платите на сите граѓани во Македонија и подобрување на животниот стандард, а не предизвикување турбуленции како што правеше претходната Влада, од кои и ден-денес не можеме да излеземе“, категоричен е Ристески.

Како последица од тие минати лоши политики за економски неодржливо зголемување на платите беа и неисплатените плати во јавниот сектор, како што беше случајот во Македонски железници, Пошта, Македонија пат и др. А тука е и наследениот хаос од неквалитетните и различни колективни договори, одлуки и правилници, поради што оваа Влада нема намера да прифати изнудени решенија кои имаат политичка заднина, дециден е Ристески.