Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Кавадарци ќе инсталира централен противпожарен дигитален систем за рана детекција на пожари и чад

        Раната детекција на пожарите во објектите, било тие да се индивидуални,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

        Раната детекција на пожарите во објектите, било тие да се индивидуални, колективни или пак работни средини, може во голема мера да ги ублажи катастрофалните последици. Искуствата зборуваат дека навреме откриен пожар може да се изгасне дури и со чаша вода. Општина Кавадарци веќе ги започна подготовките за реализација на проектот – инсталација на протвпожарен дигитален систем за рана детекција на пожар и чад, кој е пионерски чекор во земјава.

  „Тој систем треба да биде централизиран систем, каде што секоја дојава, секој сензор или секој детектор кога ќе биде активен, ќе добие автоматска пријава по електронски пат, дојава во ТППЕ, во Кол-центарот на Општина Кавадарци. А сопственикот на објектот би добил СМС- порака дека сензорот е активиран, кој што е сензор за чад или за пожар…Превентивно, уште со самиот чад ја имаме дојавата во ТППЕ, точната адреса и локација“, – вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

  Во целиот овој систем ќе бидат вклучени повеќе релевантни институции, од ИТ-секторот, преку телекомуникациските и осигурителните компании, па се’ до ТППЕ, и економските субјекти и граѓаните кои ќе сакаат да си го заштитат својот имот, но и животот. Инсталирањето на овој систем граѓаните ќе можат да го исплаќаат по симболични месечни рати во период од 3-4 години, а очекувањата се дека првично ќе бидат опфатени до 60% од индивидуалните, колективните, деловните, индустриските и други објекти.

Реклама

  „Прилично капитален проект кој го чува имотот и животот на нашите сограѓани…Морам да признаам дека ми е чест и гордост, бидејќи оваа идеа е визионерска во нашата држава…Идеа, која според мене треба да биде преземена и во законски рамки од страна на ЗЕЛС за да биде имплементирана во Закон каде што задолжително сите општини ќе треба да ја следат“, – Стојанчо Рамов, претседател на Совет на општина Кавадарци.

  Иницијалната каписла за вакво пионерско решение по однос на пожарите кај нас, била последната катастрофална трагедија во кочанската Дискотека „Пулс“.

  „И најголемиот настанат пожар може да се изгасне само со една чаша вода, доколку се интервенира навреме…Значи, целта на инсталирањето на овие уреди е баш навременото детектирање“, – вели Александар Чадамов, командир на ТППЕ Кавадарци.

  Целосната имплементација на овој револуционерен проект кај нас, а кој во развиените земји е законска обврска, се очекува да се случи во текот на годинава.