Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Снежните врнежи во Штип не создадоа проблеми во сообраќајот, зимската служба постојано на терен

Интензивните снежни врнежи низ градот Штип не создадоа проблеми во сообраќајот, бидејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивните снежни врнежи низ градот Штип не создадоа проблеми во сообраќајот, бидејќи зимската служба на ЈП „Стипион“ е постојано на терен и ги расчистува улиците и тротоарите. Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски вели дека нивен приоритет е да бидат проодни и исчистени влезовите и излезите кон Клиничка болница-Штип, како и влезовите и излезите на градот Штип кон Скопје, Кочани, Радовиш и Струмица. 

-Зимската служба на ЈП „Стипион“ од раните утрински часови активно работи на расчистување на улиците. Во прв момент се расчистени улиците со прв приоритет, сите пристапи до Клиничка болница- Штип, сите влезови и булевари во градот, улиците во централното подрачје. Во втор момент се расчистуваат и улиците во сите населби – вели Стефановски.

Навремената интервенција придонесе за проодни улици во целиот град. Како што посочи директорот Стефановски, има доволно сол и абразивен материјал за да се делува во зимски услови. Се дејствуваше со сопствена механизација.