Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Успешна откупна кампања на ланскиот тутун, досега откупени 25,3 милиони килограми, а 95,6 проценти е веќе исплатен на тутунарите

 Откупот на тутунот од ланската реколта веќе привршува. Откупната кампања се проценува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Откупот на тутунот од ланската реколта веќе привршува. Откупната кампања се проценува како успешна. И за откупувачите, и за тутунарите, а и за државата. До крајниот откупен рок на 28 февруари, остануваат за откуп уште десетина проценти од вкупно планираните количини. Исплатата се врши во рок од седум дена од предавањето и досега исплатени се 95, 6 проценти, уверува ресорниот министер кој денеска беше во обиколка на неколку откупни компании во прилепско.

   „Последниот податок е дека се откупени 25, 3 милиони килограми тутун од последната реколта. Просечната цена е 419,15 ден.Истиот ево вредност од 170 милиони евра и е 95,6 % исплатен кон тутунопроизводителите кои што го имаат предадено. Останува уште некоја количина која што согласно динамиката ќе биде во наредниот период откупена. Нормално, секоја откупна компанија ќе има отворено пункт и во секој регион до крајниот рок кога трае откупот на тутунот, а тоа е крајот на месец февруари“, – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

  И тутунпроизводителите главно задоволни, и од текот на откупот, а и од постигнатата откупна цена. Но, она што ги загрижува се се’ понеповолните временски услови, како и се’ послабиот интерес кај младите за оваа индустриска гранка. Велат, дека заради таквите околности, некаде приносите им се дури и преполовени.

Реклама

   „Наполу ни е, негде околу 600-700 кила, а требаше тон и половина да однесеме. 45 дена вода немавме, каналот се расипа баш во садењето, не го завадивме тутунот и тутун – нема…Колку толку сега цената е реална, не е како што беше порано и нема одбитоци и тоа е добро, ама немаме тутун“... – рече Димко Стеваноски, тутунопроизводител.

 „Уште сега треба да се кажат новите цени, ако има нови цени. А не кога ќе дојде време за откуп, тогаш да се бара цена. Мислам дека Тутунското здружение, што ни зема пари, треба сега да се активира и сега да ни каже да не склучуваме договори, ќе бараме нови цени повисоки, не бараме…Од година во година мислам дека се намалува тутунопроизводството“, – вели Трајко Илиоски, тутунопроизводител.  

   Од Сојузот на тутунски здруженија пак, уверуваат дека преговорите околу договприте за престојната производна реколта и откупните цени, веќе се во тек.

  „Ние како Сојуз немаме престанато и нема да престенеме со преговорите со откупувачите за склучување на договорите, така што мора првин да ги договориме цените, па после да излезат компаниите со склучување на договори“, – посочи Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

    Инаку, годинашните откупни цени се рекордни кои заедно со субвенциите достигнуваат околу 520 денари по килограм тутун, кој пак, главно се цени во прва класа, односно 420 денари килограм тутун плус 100 денари субвенции.