Мерната станица кај Усје постојано да го мери квалитетот на воздухот, а резултатите од мерењата да бидат достапни и да ги видат сите граѓани, поставување автоматски сигнал што ќе алармира ако загадувањето ја надмине дозволемата граница, строги казни за Усје при секое надминување на границите на загадување како и добивање на привремена забрана за работа, да се тргне употребата на отровните горива и да се заменат со природниот гас и водород. Ова се дел од барањата на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. Ако не се исполнат се закнија со интензивирање на протестите. На улица ќе излезат и утре во 18 часот.
„Истовремено наведуваме дека како и секогаш кога закажуваме протести или кога се одржува протест, цементара усје испраќа СООПШТЕНИЈА во кои вели дека не е загадувач и дека загадуваме ние граѓаните. Нашиот одговор е дека знаеме дека повторно ќе го сторите тоа па ве прашуваме Кој што сам си го мери загадувањето засебе ќе каже дека загадува? А кој загадува знаеме и чувствуваме сите. Ние не веруваме во вашите мерења затоа е потребно исполнување на нашите барања.“– велат од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
Податоците од мерењата на воздухот со кои институциите располагаат ги добиваат од мерната станица од фабриката, а од граѓанската иницијатива веруваат дека истите не се точни. Од таму додаваат дека треба да се зголеми институционална контрола и да се усогласат законите за еколошка штета и борба против еколошки криминал со регулативата на ЕУ.

Од „Титан Усје“ ги отфрлаат обвинувањата и велат дека работат согласно сите законски и еколошки стандарди. Од таму посочуваат дека современите филтри задолжително работат, а компанијата континуирано инвестира и во модернизација на технолошките процеси.
„ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни. Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните дозволени гранични вредности.“- велат од Титан Усје.
Инаку, последниот протест од страна на иницијатива „Стоп за Усје”, беше на 26 декември минатата година и сите нивни барања беа доставени до инстутуциите.
