Еден човек загина, а неговиот син е повреден во пожар што изби во стан во Тетово.
Пожарот бил пријавен вчера вечерта, а се случил во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. Кога пристигнала пожарната, од станот излегувал густ чад. При интервенцијата, пожарникарите влегле во запалениот стан, каде што нашле едно починато лице, а второто, односно неговиот син, било повредено.
Починатиот 42-годишник Обрад Стојановиќ работел како наставник по практична настава во Средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски-Амбарче“ во Тетово.
