Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Продолжува отстранувањето на урбаната опрема во Куманово

Продолжува отстранувањето на урбаната опрема во Куманово. Деновиве по празниците, продолжи отстранувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува отстранувањето на урбаната опрема во Куманово. Деновиве по празниците, продолжи отстранувањето на летните бавчи кај некои угостителски објекти.

– Врз основ на тоа што одредени објекти немаат добиено одобрение за поставување на урбана опрема, согласно одлука за поставување на урбана опрема донесена од страна на Советот на Општина Куманово се врши отстранување на нелегално поставената урбана опрема. Доколку самиот сопственик со свои средства го спроведе решението за отстранување, средствата од буџетот на Општината се користат за иста намена за други објекти, велат од Општина Куманово.

Оттаму додаваат дека дел од сопствениците самите одлучиле да ја отстранат опремата, бидејќи извршувањето преку Општината е за трипати поскапо.

Реклама

– Има околу дваесетина објекти каде ќе се отстранува опремата, на различни локации во Куманово. Деновиве се спроведе во централното градско подрачје, но и во населбата Бедиње, информираат од Општината.

Отстранувањето на урбаната опрема од угостителските објекти во Куманово, за што се донесени правосилни и извршни решенија, ќе продолжи без исклучоци. Ова го соопшти градоначалникот Максим Димитриевски на последната прес-конференција, нагласувајќи дека во наредниот период, акцијата ќе се спроведува систематски и по утврден приоритет. Според него, локалната самоуправа нема да дозволи селективна примена на законот и сите објекти што незаконски зафаќаат јавна-прометна површина, ќе бидат отстранети, почнувајќи од централното градско подрачје, па кон периферијата.

– Секој објект што има уредно извршно решение ќе биде отстранет. Не можеме да правиме исклучоци, законот мора да важи подеднакво за сите. Не станува збор само за кафулињата во центарот, туку и за други локации, меѓу кои и просторот зад поранешната банка, каде што, исто така, има донесено решение, истакна Димитриевски.

Тој потенцираше дека мерките ќе ги опфатат сите правни и физички лица, кои со својата дејност ја узурпираат јавната површина, без разлика на видот на објектот.