Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Грозданов: Типски куќички ќе добијат станарите од Старата касарна до крајот на оваа година

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска оствари работна средба со заменик-министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска оствари работна средба со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа. На средбата се разговараше за повеќе прашања од локално значење, со посебен акцент на изградбата на типските куќички за станарите од Старата касарна во Кочани, проблем стар неколку децении.

Станува збор за проект кој со години е во фаза на планирање, а според најавите од општинското раководство, неговата реализација треба да биде целосно заокружена до крајот на оваа календарска година. На урбанистички определена локација е предвидена изградба на седум објекти за колективно домување, секој со по четири станбени единици. Секој од објектите ќе има вкупна површина од 138 квадратни метри.

Градоначалникот Владко Грозданов истакна дека проектот има големо социјално значење и претставува решавање на долгогодишен проблем за жителите на Старата касарна.

Реклама

– Ова е проект што долго време го чекаат граѓаните и наша обврска е конечно да го реализираме. Обезбедуваме трајно и достоинствено домување за семејствата од Старата касарна и очекуваме изградбата на типските куќички да биде целосно завршена до крајот на оваа година. Општина Кочани останува посветена на решавање на вакви суштински прашања од интерес на граѓаните, изјави градоначалникот Грозданов.

На средбата со заменик-министерот Мустафа беше нагласена подготвеноста за понатамошна соработка меѓу Општина Кочани и Министерството за односи меѓу заедниците, со цел успешнo и навремено да се планираат и реализираат и други проекти.