Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Општина Ѓорче Петров: Празниците се за заедништво, хуманост и грижа – пакети со храна и хигиенски средства за најранливите категории

Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира свети Василиј,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира свети Василиј, Општина Ѓорче Петров реализира хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално загрозените семејства, информираат од Општината.

Со поддршка на општествено одговорни компании биле обезбедени над 100 пакети со храна и хигиенски средства, како и празнични пакетчиња за најмладите, кои им беа распределени на семејства на кои помошта им е најпотребна.

– Оваа активност е дел од континуираната заложба на Општината да гради заедница заснована на солидарност, човечност и вистинска грижа за граѓаните, со посебен акцент на децата и најранливите категории. Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, упати благодарност до сите компании и поединци кои се вклучија и придонесоа оваа иницијатива да донесе празнична радост и чувство на поддршка во многу домови – се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

Реклама

Од Општината најавуваат дека и натаму ќе продолжат со активности што ја зајакнуваат заедницата и ја потврдуваат определбата дека празниците се време за споделување, грижа и заедништво.