Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Објектот од постоечкиот стар театар во Прилеп ќе биде темелно реконструиран, идејата за новата локација – отпаѓа?!

Во Прилеп нема да се гради нов театар во Центарот за култура,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Прилеп нема да се гради нов театар во Центарот за култура, туку темелно ќе се реконструира постоечката стара зграда. Најтеатарскиот град во земјава, по долгогодишните натегања и неисполнети ветувања, конечно е на чекор до остварувањето на желбата наречена театар. Со финансиска помош од општествено одговорни компании, а на иницијатива на новата локална администрација, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ повторно треба да блесне во некогашниот сјај, открива градоначалникот на Прилеп.

„За театарот, еве да ја информирам јавноста дека сме во дневна комуникација со Министерството за култура, и овде со локални компании веќе се работи на проект за реконструкција на постоечкиот театар ‘Војдан Чернодрински’. Најден е донатор кој ќе го плати проектот, а изведбата би паднала на товар на државниот буџет. Направена е и проценка и комплетната реконструкција на постоечкиот театар би чинела некаде околу 100 милиони денари“, уверува Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Во изминативе години, поради сериозната руинираност на речиси 100 години старата зграда на театарот, се заговараше идејата да се изгради нов театар во склоп на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Ова беше дури и едно од најсилните ветувања за Прилеп на екс-премиерот Зоран Заев, кој уште во 2020 година оптимистички најавуваше дека за една година градот ќе го добие новиот театар. Беа изработени и основни проекти и потрошени значителни суми народни пари, за на крајот, по ревидирањето во 2024 година, да се утврди дека тоа не е толку едноставно.

Реклама

„Всушност, станува збор за два одделни проекти, по барање на надлежните од Министерството за транспорт и врски. Првиот проект е основен проект за реконструкција на објектот на ‘Марко Цепенков’, а вториот проект е основен проект за доградба и надградба, односно проект со кој се доградува театарот ‘Војдан Чернодрински’“, изјави Марија Попова-Јованоска, в.д. директорка на НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп (5.11.2024).

Реализацијата на овие два проекта се проценуваше на 27 милиони евра – 18 милиони евра за изградба на новиот театар и 9 милиони евра за реконструкција на Домот, средства кои допрва требаше да се обезбедуваат преку ресорното Министерство.

Инаку, во моментов Прилеп, освен што нема нов театар, веќе десетина месеци е и без функционален стар театар, кој е затворен поради неисполнување на елементарните безбедносни и работни услови.