Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Општина Прилеп со историски највисок буџет од близу 2,5 милијарди денари ќе ги решава проблемите на прилепчани

      Општина Прилеп новата 2026 година ја започнува со историски најмногу пари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Општина Прилеп новата 2026 година ја започнува со историски најмногу пари во општинската каса. Околу 2,5 милијарди денари или нешто повеќе од 40 милиони евра, тежи новиот буџет и спреден со минатата година, тој е повисок за над 6.500.000 евра. Надлежните уверуваат дека станува збор за развоен буџет, односно дека народните пари ќе се трошат исклучиво за решавање на клучните проблеми на граѓаните, при што годинава, за птвпат се предвидени и повеќе пари за културата, спортот, образованието, но и за капитални расходи.

  „Зголемени се средствата кои што од даночните обврзници ќе се потрошат наменски оваа година во културата и спортот. Во културата дојдовме до ставка од 12 милиони денари, во спортот, исто така 12 милиони денари. Ако направиме една историска анализа од 4, 5 до 7, сега за првпат, оваа година се по 12 милиони денари…Најтежок оваа година – буџет од 696 милиони денари е за капитални расходи…или негде приближно 60 проценти од Буџетот би се трошеле за капитални расходи. Она што го имавме во предизборието ветено, еве го на дело во 2026 година“, – вели Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

  Дел од овие средства ги зафаќаат и капиталните проекти по повиците од Владата, па затоа локалната администрација очекува дека годинава Прилеп ќе биде едно сериозно градилиште, при што во развјната програма ставени се и 168 милиони денари кои би се плаќале во следните три години.

Реклама

  „Во 2026 година некаде би се реконструирале 20 км патна инфраструктура во градов. Станува збор и за реконструкција, и за изградба на нови сообраќајници. Има сериозен тек и на оние проекти и од првиот, и од вториот повик. Веќе се распишани и нови јавни набавки за да се докомплетираат проектите кои што доаѓаат од Владата, а од оние што ги имавме ветено во програмата, во 2026 очекувам да почне и да биде завршена Обиколницата „Исток“, бидејќи има мала должина и веќе горе-долу нема имотно-правни пречки“, – појаснува Проданоски.

  Напоредно со ова, предвидени се и 40 милиони денари за реконструкција и одржување на улиците низ градот. Годинава новина е што повеќе нема да има директни општински субвенционирања на јавните комунални претпријатија, но ќе има по 3.000 денари еднократна парична помош за секое новозапишано прваче. А на сила си остануваат и бесплатните оброци за учениците до трето одделение, како и паричната помош од 6.000 денари за секое новороденче.