Фотографии и видеа од уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро го обиколија светот. Тој и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк. Мадуро е задржан во притворскиот центар во Бруклин каде чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје..излегоа и пвите детали за апсењето на венецуелската претесдателска двојка..
Мадуро и неговата сопругата сакале да се сокријат во челилно засолниште но не стигнале навреме да ја затворат вратата од бункерот. Тоа било доволно американските војници од „Делта форс“ да влезат и да му стават лисици на рацето. Потоа биле качени на американски брод и префрлени на американска територија по што со хеликоптер беше пренесен во притвор во Њујорк.
Апсењето на Мадуро, Трамп го следел од минута во минута како „риалити шоу“. Покрај него, на фотографиите се забележуваат државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет и други високи американски функционери, со сериозни и напнати изрази на лицето додека трае акцијата.

Ниту една нација во светот не можеше да го постигне она што Америка го постигна вчера, се пофали на Трамп и додаде дека во нападот биле „онеспособени“ сите воени капацитети на Венецуела.
Во меѓувреме, Врховниот суд јна Венецуела а именуваше потпретседателката Делси Родригез за вршител на должноста претседател.
Трамп на прес-конференцијата објави дека тие ќе останат да го следат управувањето со Венецуела до доаѓањето на новата власт, а нафтените капацитети на земјата ќе ги дадат на компании од кои парите, како што рече американскиот претседател, ќе се вратат кај венецуелските граѓани.
- „Имала долг разговор со Марко и рекла: ќе направиме што и да ви треба. Мислам дека беше прилично учтива, но таа всушност и нема избор. Ова ќе го направиме како што треба. Нема само да го направиме ова со Мадуро, па да си заминеме како што направиле сите други. Да си заминеме и да кажеме, знаете, нека оди по ѓаволите. Ако само си заминеме, нема апсолутно никаква шанса тоа некогаш да се врати. Ние ќе го водиме тоа правилно. Ќе го водиме професионално. Ќе ги вклучиме најголемите нафтени компании во светот, кои ќе вложат милијарди и милијарди долари и ќе извлекуваат пари, а тие пари ќе се користат во Венецуела“ изјави Трамп.
Вд претседателката Родригез ги повика граѓаните да останат смирени, а Венецуела рече никогаш повторно нема да биде колонија.
- „Венецуела никогаш повеќе нема да биде нечија колонија, ниту на стари империи, ниту на нови империи, ниту на империи во пропаѓање. Во земјата има јасна влада, отворени сме за дијалог заснован врз почитување и закони“ рече во обраќањето Делси Родригез – ВД Претседателка на Венецуела.
Трамп е регионален насилник, а акцијата во Венецуела е незаконита – продолжуваат критиките од американските демократи. Поранешната потпретседателка Камала Харис остро ги осуди чекорите кои ги презеде американската влада.
- „Ова не е прашање на дрога или демократија. Станува збор за нафта и желбата на Трамп да биде во улога на регионален насилник. Ако навистина му беше грижа за која било од овие работи, немаше да помилува осуден шверцер на дрога или да ја маргинализира легитимната опозиција на Венецуела додека се обидува да постигне договор со соработниците на Мадуро. Претседателот ги става војниците во опасност, троши милијарди, го дестабилизира регионот и не нуди никаква законска власт, нема план за излез и нема бенефиции за граѓаните дома,“ рече Харис.
Американските обвинители го товарат Мадуро дека бил на чело на корупциската шема, која исшверцала илјадници тони дрога во САД. Тој на чело на Венецуела го олеснувал транспортот на кокаин и тешко оружје со авиони и бродови повеќе од 25 години додека бил на државни функции.
