Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Пожар во Кривогаштани остави осумчлено семејство без дом пред празниците

Немилосрдните огнени јазици им проголтаа речиси се’. Она што цел живот макотрпно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Немилосрдните огнени јазици им проголтаа речиси се’. Она што цел живот макотрпно го печалеле работејќи по нивите, борејќи се од утро до мрак со земјата и временските прилики и неприлики, сега го немаат. Осумчленото семејство Благодушоски од кривогаштанското село Воѓани, во овие зимски, предновогодишни денови остана ем без покрив над главата, ем без покуќнина, ем без околу еден тон тутун, но и без облеката.

  „Осум души сме сите комплет, шест души тука спиевме, двајца во помошната просторија…Во моментот на пожарот тука бевме во помошната просторија, среќа што не бевме легнати, може и ние ќе изгоревме…Цела покуќнина внатре што беше, сета ни се уништи..тутутн имаше околу еден тон, само 50 балиња имавме симнато, другото сето изгоре“ – рече Јулијана Благодушоска, сопственичка на изгорената куќа од с. Воѓани.

  „Јас во моментот бев на работа. Си идам во осум часот вечерта, одам по 12 часа на работа и ми се јавија по телефон, еден колега, кажа дека има нешто проблем во кај вас во куќата, ама да не ме уплаши човекот, рече е подизгорена. Само прашав дали се здрави и живи луѓето, ништо друго“, – кажа Дејан Благодушоски, член на семејството.

Реклама

  Најстариот член во семејството е бабата од 82 години, а најмалиот има само 4 години. Но, веќе на пат е и дветтиот член кој треба да роди во Новата година. Па сега, на ова скромно семејство добродојдена би им била секоја помош, од храна до облека и покуќнина, иако, како што велат, најважно од се’ им е што се сите здрави и живи.

 „Сега приоритет ни е да направиме две-три соби, да се прибереме како што си бевме, оти сега спиеме по куќи, кај роднини, кај пријатели, кај комшии“, – раскажува Јулијана.

 „Мојата порака е кој колку може да помогне, благодарни ќе бидеме на оваа ситуцаија и плус е зимен период, значи ние ќе бидеме благодарни и здрави живи луѓето да сме“ – потенцира Дејан.

  Во меѓувреме, на семејството први на помош, освен најблиските, им притекнуваат и од Сојузот на тутунски здруженија со собирање парични средства и со донации од тутун.

   „Негде околу 10.000 евра е штетата само во тутун, а башка покуќнина и куќата. Тоа се огромни средства. Така што апелирам до сите добронамерни да му помогнат на ова семејство да дојдат што побрзо до финасиски средства за да ја обноват нивната куќа да се сместат, заради тоа што тие имаат и мали деца“, – изјави Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

  Помош е најавена и од општина Кривогаштани од каде упатен е и јавен апел до сите хумани граѓани и институции кои можат да му помогнат на семејството, средствата да ги уплаќаат на име Јане Благадушоски на трансакциска сметка 270700006540756 при Халк Банка АД Скопје.