Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Киев под масовен руски ракетен напад – најмалку 11 повредени, градот со прекини на струја и греење

Речиси девет часа во текот на ноќта, Киев беше под силна воздушна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси девет часа во текот на ноќта, Киев беше под силна воздушна опсада. Воздушната тревога продолжи и изутрината, поради заканата од балистички ракети. Русија изврши масовен ракетен напад врз украинскиот главен град, при што беа употребени хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“.

Според официјалните информации, во нападите се повредени најмалку 11 лица. Поради сериозните оштетувања на енергетската инфраструктура, речиси една третина од Киев остана без греење, а во повеќе делови од градот се забележани прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека осум од повредените се хоспитализирани.

Реклама

Како одговор на нападите, Полска во текот на ноќта ги мобилизираше своите воени авиони. Полските вооружени сили информираа дека борбени летала биле подигнати за заштита на воздушниот простор, поради што привремено беа затворени аеродромите во Жешов и Лублин.