Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Општина Кавадарци прави стратегија за намалување на аерозагадувањето

Најмногу за три години општина Кавадарци планира целосно да го реши проблемот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмногу за три години општина Кавадарци планира целосно да го реши проблемот со аерозагадувањето. Стратегијата за долгорочно справување со ова горливо и сериозно прашање со кое се соочуваат речиси сите општини, ќе опфаќа мноштво конкретни мерки, а на кои веќе се работи. Мерките ќе опфатат многу чинители, од најголемите загадувачи, па се’ до граѓаните, а тоа значи дека некои од нив ќе бидат и непопуларни, и на почетокот – тешко прифатливи, смета градоначалникот Митко Јанчев.

„Јас гарантирам дека за најмногу три години од сега, општина Кавадарци ќе го реши трајно загадувањето на воздухот, а кое што доаѓа од две основни причини, и тоа: од затоплувањето на домаќинствата и греењето, и особено од тешкиот товарен сообраќај кој што е со повеќе емисии на издувни гасови во однос на лесните возила, и изградбата на Заобиколницата односно транзитирањето низ општина Кавадарци“, – вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Општина Кавадарци, со 17.800 регистрирани возила според бројот на жители е една од општините со најголем број индивидуални возила. Оттука, едни од мерките ќе бидат и набаваката на најмалку три електрични автобуси за градскиот превоз, но и воведување на такси служби на електричен погон. А напоредно со ова, на целата територија на општината ќе биде воспоставена и комплетна гасификација и топлификација.

Реклама

„Општина Кавадарци од јануари ќе почне со комплетна постапка за тендерирање и изведба на гасификацијата, поврзување на гасификациона мрежа и тука може ќе треба посериозно да разговараме, но тоа ќе биде после мај месец во делот на кофинансирање, финансирање или субвенционирање на приклучокот на гасоводната мрежа на индивидуални семејства. Воедно, тоа ја вклучува и топлификацијата која што ќе биде како комбиниран дел на гасификацијата“, – уверува Јанчев.

Инаку, на проблемот со аерозагадувањето во Кавадарци, системски и интензивно се работи повеќе од 8 години, а во последниве три години во процесот се вклучени и УНДП, домашни надлежни институции и експерти, и секако локалната власт. Во последно време, загадувањето во градот бележи благо опаѓање, тврди Јанчев, и додава дека тоа е уште поголем поттик за општината да продолжи да работи на изнаоѓањето на трајно решение, а чии ефекти, според него, би биле видливи најдоцна за три години. Ова, секако најмногу ќе зависи и од советниците кои ќе треба да го дадат „зелено светло“ за целосна имплементација на процесот, бидејќи најверојатно ќе бидат потребни и нови задолжувања, но и носење на непопуларни мери, а кои речиси секогаш се дочекуваат „на нож“, дециден е Јанчев.