Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање и се движи кон војна

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ истакна дека не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа.

– Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, посочи Орбан.

Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи оти Европа во моментот се приближува кон војна.

Реклама

– Минатата недела во Брисел успеавме само да го забавиме темпото со кое Европа се движи кон војна. Некои сакаа да го забрзаат овој процес до хипербрзина, а ние успеавме да го блокираме тоа. Но, ние не го запревме самиот процес, само го спречивме неговото забрзување, наведе Орбан.

Според него, Европа е повторно поделена.

– Во Европа денес повторно има два табора: воениот табор и мировниот табор. Во моментов, преовладуваат силите што се залагаат за војна. Брисел сака војна. Унгарија сака мир, повтори Орбан.

Според него, не било неизбежно вклучувањето на Европа во војната во Украина.

– Во февруари 2022 година, Европа можеше да испрати мировна мисија во Москва и Киев, а не да го прогласи овој конфликт за своја војна. Да се случеше тоа, денес немаше да живееме во сенка на војна, посочи унгарскиот премиер.

Орбан повторно го критикуваше начинот на одлучување во Европската Унија.

– ЕУ денес е во состојба на распаѓање. Сведоци сме на процес на распаѓање што се одвива паралелно со зајакнувањето на империјалните амбиции на бриселската бирократија, истакна Орбан.

Тој како пример ја наведе зелената транзиција.

– Програмата беше објавена против волјата на земјите-членки и сериозно ја оштети европската индустрија, особено хемиската индустрија и производството на автомобили … Кога стана јасно дека тоа е неизведливо, тие се повлекоа“, нагласи тој, додавајќи дека истото се случува и со мигрантската политика.

Орбан предупреди дека без длабоки промени темелни реформи, ќе следи неповратен процес односно распаѓањето ќе стигне до точка од која нема враќање.

Тој повтори дека Унгарија е против членството на Украина во ЕУ.

– Денес се зборува дека воената сила на Украина ја зголемува безбедноста на Европа, но тоа не е вистина. Одржувањето на Украина ги исцрпува енергијата и ресурсите на Европа. Со Украина, ние стануваме послаби секој ден, потенцира Орбан.

Тој додаде дека страда и унгарската економија поради војната и слабеењето на ЕУ. Според него политиката на санкции на ЕУ ја уби европската индустрија.

Орбан упати и порака до Унгарците додека западниот свет е во превирање.

– Сакај го ближниот свој како себеси. Сега се фокусирам на второто – сакај се себеси. Тоа не значи самозадоволство, туку почитување на сопствените достигнувања. Правилната самосвест носи самопочит, а самопочитувањето овозможува препознавање на успехот на другите – тоа е љубовта кон ближниот. Не гледам друг начин што може да ги доведе Унгарците кон мир, истакна Орбан на крајот од интервјуто за „Маџар Немзет“.