Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Со нов закон до сузбивање на сивата економија и раздвижување на пазарот на труд

Сузбивање на сивата економија, поголема сезонска вработливост на работоспособните граѓани без притоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сузбивање на сивата економија, поголема сезонска вработливост на работоспособните граѓани без притоа да ги изгубат бенефитите кои дотогаш ги стекнале при својот работен век. Ова се само дел од придобивките на новиот Закон за работен ангажман, кој стапува на сила од Нова година и за кој денеска се дискутираше во Регионалната стопанска комора во Прилеп.

„Опфатени се неколку стопански гранки кои ќе можат да го користат овој закон, а тоа се: земјоделието, угостителството и секако услужните дејности во домаќинства… Во областа на земјоделието можат да бидат вкупно ангажирани 180 денови во годината, а во угостителството и услужните дејности во домаќинство – 120 дена. Бенефитот е тоа што, од една страна, работодавачите ќе можат да најдат работна сила, а од друга страна, сите оние кои ќе бидат сезонски вработени ќе можат да остварат дополнителен приход, а со тоа без да го изгубат статусот кој го стекнале во текот на своето работење или живот“, изјави Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд.

Со овој закон се очекува да бидат опфатени вкупно околу 17.000 лица, од кои 10.000 во земјоделието и 7.000 во угостителството и услужните дејности, со можност во иднина да биде проширен и врз други дејности, согласно потребите на пазарот на трудот.

„Она што е најинтересно и најактуелно за даночните обврзници е воведувањето на системот за е-фактурирање, чија пилот-имплементација ќе започне од 1 јануари 2026 година. И оваа мерка, како и системите што ќе ги обезбеди УЈП во контекст на спроведувањето на Законот за работно ангажирање, се мерки кои имаат за цел намалување на сивата економија, значи тие ќе имаат бенефит и за компаниите“, рече Елена Петрова, директор на УЈП.

„Ова ќе значи огромен импакт во делот на угостителството, бидејќи нашите млади заминуваат на работа во странски држави, најмногу во овој сектор… Но, сепак и во другите индустрии има потреба, во конзервната индустрија, во оние индустрии кои работат со сопствени производи, во делот на пакувањето, има потреба и можат младите да бидат вработени во тој дел“, кажа Никола Мариноски, претседател на РСК – Прилеп.

„ЛС, односно Општина Прилеп, е сериозен партнер на прилепското стопанство и стоиме тука како мост за поврзување помеѓу централните институции и локалното стопанство. Особено ни е важно локалните фирми да имаат предвидлив економски развој“, посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку, со овој закон се опфаќаат пензионери, студенти, вработени и невработени лица во социјален ризик, како и ученици од 16 до 18 години.