Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Гостување на Бигорскиот хор во Виена

Дел од хорот на бигорското монашко братство, учествуваше во богослужбениот живот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од хорот на бигорското монашко братство, учествуваше во богослужбениот живот на нашата црковна заедница во Виена, Австрија, на покана на тамошниот парохиски свештеник, отец Јован Тодевски, информираше архимандрит Кирил.

Во храмот „Свети Наум Охридски“, покрај молитвеното, литургиско заедничарење, биле донесени на поклонение светите мошти од нашите духовни великани, свети Климент Охридски и свети Јоаникиј Ракотински, како благослов и утеха за верниците.

За време на четиридневниот престој меѓу нашинците во Виена хорот учествувал на вечерните и утринските богослужби, сослужувајќи заедно со архимандрит Анатолиј и јеромонасите.

Реклама

– Домаќините, на чело со отец Јован, се покажаа како исклучително гостољубиви, грижејќи се евангелски за браќата и сведочејќи вистинско братољубие. Во неделата по воскресната Утрена и Светата Литургија, беше одржан пригоден псалтски настап, на кој хорот изведе богати, древни и умилителни песнопенија од неисцрпното предание на источната Црква, рече архимандрит Кирил.

Преку тие свештени мелодии, додава, на присутните им била пренесена молитвената атмосфера на бигорските празнични богослуженија и монашки бденија.

-Светите мошти, како и длабокото духовно заедничарење, донесоа голема радост, утеха и благослов за нашите иселеници во Австрија и претставуваа прекрасна можност за зацврстување на врските на мирот, единството и љубовта во Христа, нагласи архимандрит Кирил.