Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стерјовски и Пелеши разговараа  за можностите за поголема интеграција на Македонците во општествениот и политичкиот живот

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски попладнево остварил средба со Нико Пелеши, претседател на албанскиот Парламент.

-На мое големо задоволство и чест имав срдечна средба со Нико Пелеши, претседател на албанското Собрание и голем пријател на македонската заедница во Албанија, информираше Стерјовски.

Разговорот бил фокусиран на важноста од понатамошно подобрување на условите за Македонците, како и на можностите за нивна поголема интеграција во општествениот и политичкиот живот во Албанија. 

Реклама

– Со неговата поддршка, верувам дека можеме да постигнеме значајни чекори напред во зајакнувањето на македонската заедница во Албанија, нагласува Стерјовски.

Нико Пелеши, кој е родум од Корча за пратеник беше реизбран во оваа изборна единица, во која припаѓа и Општина Пустец.

Редовно ја посетува Општина Пустец, порачувајќи дека „без разлика на некои странски влијанија, во Преспа живеат Македонци“.

-Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, оценува Пелеши.