Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари официјална средба со претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари официјална средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Абдула Ерен на која беа потврдени одличните односи, а се разговараше и за проширување на институционалната соработка, соопшти собраниската прес-служба.

Гаши изразил голема благодарност за 20-годишната активност на ТИКА во Македонија, во која се реализирани над 1.300 проекти во витални области како што се образованието, здравството, земјоделството и инфраструктурата. 

– За време на средбата, посебен акцент беше ставен на силното пријателство меѓу Македонија и Турција, на која соработката ѝ даде нова димензија со меѓусебни посети на различни институционални нивоа, се вели во соопштението.

Реклама

Претседателот на ТИКА, Абдула Ерен го информирал Гаши за идните проекти и планови, а средбата завршила со заложба за продолжување на партнерството.