Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Абдула Ерен, претседател на ТИКА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Абдула Ерен, претседател на Турската агенција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Абдула Ерен, претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и неговите соработници.

– Акцентирајќи ја плодната дводецениска соработка, претседателката истакна дека ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани, без оглед на нивната етничка и верска припадност. Впрочем, не случајно ТИКА беше одликувана со едно од највисоките државни одликувања, Повелба на Републиката. Во пресрет на прославата на големиот празник, 21 декември – Ден на наставата на турски јазик, претседателот на ТИКА потсети дека ТИКА во изминатите 20 години реализирала повеќе од 1300 проекти врзани за образованието, здравството, земјоделството, реставрацијата на споменици на културата, изградбата на училишта, реконструкцијата на здравствени установи и донација на болничка опрема, соопшти кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Од двете страни е потврдено дека соработката со ТИКА ги зацврстува партнерството, пријателството и довербата меѓу двете држави.

Реклама

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) е формирана во 1992 година и е присутна во 61 земја каде што реализирала над 30 илјади проекти.