Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МОН создава можности за континуиран професионален развој на наставниците со фокус на дигиталните компетенции

Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и повеќе партнери особено во последнава гоина се фокусираат на организирање обуки за развој на дигиталните вештини на наставниот и стручниот кадар во училиштата, наведува Министерството за образование и наука во соопштение. 

Брзиот технолошки развој наметнува потреба за континуирана надградба на дигиталните компетенции на наставниците, за тие да можат квалитетно да ја реализираат наставата и да ги запознаваат учениците со современите трендови. За таа цел, Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и повеќе партнери особено во последнава гоина се фокусираат на организирање обуки за развој на дигиталните вештини на наставниот и стручниот кадар во училиштата.

Ова го истакна државниот секретар во МОН, Елена Ивановска на панел дискусија посветена на дигитални вештини и инклузивност, во рамки на конференцијата “Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“, што ја организира Министерството за дигитална трансформација.

Реклама

„Оваа учебна година вештачката интелигенција влезе во наставата. Беше изготвено упатство за наставници, стручни соработници и ученици за етичка примена на алатките на вештачката интелигенција за образовни цели и во соработка со Факултетот за информатика во Штип, ФЕИТ и Бреинстер во Скопје организираме квалитетни обуки посветени на темата. Досега се опфатени над 1000 наставници и обуките ќе продолжат и следната година“, рече Ивановска, додавајќи дека развојот на дигиталните и зелените вештини кај наставниците е и обврска на државата која произлегува од Планот за раст на земјите од Западен Балкан подготвен од Европската унија.

Ивановска потенцираше дека паралелно продолжува и опремувањето на училиштата со современа ИКТ опрема, информирајќи дека во 100 училишта е поставена мрежна инфраструктура за безбеден безжичен интернет, а набавени се и персонални компјутери, смарт табли, проектори и друга технологија.

Дополнително, посочи дека Актуелната Влада и МОН спроведуваат процес на оптимизација на училишната мрежа што значи префрлање на учениците од помалите подрачни училишта во руралните средини во поголемите, најчесто централни училишта каде има многу поголем број деца што е важно за социјализација и има подобра опременост. Тоа обезбедува еднаков пристап до квалитетно образование за сите деца, вклучително и подеднаков развој на дигиталните вештини.

На панел дискусијата се обратија и заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски, деканот на ФИНКИ проф. д-р Петре Ламески, проф. д-р Димитар Ташковски од ФЕИТ и Бојана Бајиќ од ReSPA – Regional School of Public Administration.