Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Симулациска показна вежба за повреди предизвикани од употреба на пиротехнички средства во Куманово

Општинска организација Куманово реализираше показна симулациска вежба по прва помош, во соработка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинска организација Куманово реализираше показна симулациска вежба по прва помош, во соработка со СВР Куманово и Итна медицинска помош Куманово. Активноста беше организирана на градскиот плоштад, а ја проследија ученици и млади.

-Вежбата има за цел зголемување на видливоста и директно информирање на граѓаните за сериозните опасности што произлегуваат од несоодветната и неконтролирана употреба на пиротехнички средства, особено во периодот на новогодишните празници, изјави Ива Младеновска, секретар на Црвен крст Куманово.

Во рамки на вежбата беше прикажано реално сценарио на повреда предизвикана од пиротехничко средство. Волонтерите на Црвениот крст учествуваа во повеќе улоги, симулираа употреба на пиротехника, повредено лице со тешка повреда на прстите, како и тим за прва помош кој интервенираше по пријава од страна на полицијата.

Реклама

Тимот за прва помош од Општинската организација на Црвен крст Куманово, опремен со соодветна медицинска опрема и возило, навремено пристигна на местото на настанот и професионално укажа прва помош, по што повреденото лице беше преземено од екипа на Итна медицинска помош и транспортирано на понатамошно лекување.

Ива Додевска и Адем Левиќ покажаа како се санираат најчестите повреди предизвикани од пиротехника, ампутирани прсти, изгореница на дланка и удар во слепоочница. Двајцата апелираа да не се користи пиротехника и младите безбедно да уживаат во празничниот период. Надлежните сметаат дека со реализацијата на симулациската вежба се придонесува кон зголемување на јавната свест за ризиците од употреба на пиротехнички средства и се унапредува меѓуинституционалната соработка и координација помеѓу Црвениот крст, полицијата и здравствените служби.

СВР Куманово апелираше граѓаните максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Оттаму потсетија и на законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.